| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата ги раздвојувала – брачен пар се истепал поради ручек

%d0%bc%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b0

Млад брачен пар од Ѓурѓевац во Хрватска жестоко се искаралево неделата попладне, а повод бил ручек, кој жената не го приготвила.

Сопругот(21) се вратил пијан(1,83 промили) од фудбалски натпревар, а го изнервирало тоа што на маса не го дочекал ручек.

Неговата сопруга (18) попладнето го поминала со татко и со кој пиела, па имала 0,92 промили алкохол во крвта.

-Ништо не си ми зготвила за јадење – викнал на сопругата мажот, по што ја фатил за коса, а сопругата му возвратила гребејќи го и касајќи го.

Тој и возвратил со неколку удари. Била повикана полиција која едвај ги смирила.

После трезнењето ги одвеле пред судија за прекршоци кој ги казнил со условен затвор, а секој мора да плати и по 100 куни судски трошоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top