Тренерот на Баерн Минхен, Карло Анчелоти, внесе новитети во клупскиот правилник на Баварците, каде работи веќе неколку месеци.
Германскиот шампион е без победа на последните три натпревари, па Анчелоти за да ја подобри формата на неговата екипа вовел построг распоред за фудбалерите.
Иако досега тој им дозволуваше на играчите до 11 часот наутро да се појават во тимскиот хотел, пред натпреварот кој им следува, сега играчите ќе мора ноќ пред натпреварот, сите играчи да се регистрираат во хотелот каде ќе престојуваат, со цел да бидат една вечер во тотална изолација, или карантин.
– Веќе неколку пати оваа сезона реков дека ни е потребна таа пракса, да бидеме заедно пред натпреварите, потврди италијанскиот тренер.
По двата реми натпревари во Бундеслигата, Баерн Минхен ќе мора да се поправа против ПСВ во среда, кога холанѓаните гостуваат на „Алијанц Арена“, во 3. коло од ЛШ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.