Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски денеска беше во Брњарци каде е во тек санација на улиците кои претрпеа штети за време на поплавата.
Како што информира прес-службата на општината, започнато е асфалтирање на улиците во должина од 1.800 метри и широчина од четири метри.
Финансиските средства за асфалтирање на улиците се обезбедени од Владата на Република Македонија, а изведувач на работите е ЈП „Македонија Пат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.