Посредникот Метју Нимиц не може да направи чудо во преговорите меѓу Грција и Македонија за прашањето за името, изјавил „компетентен и искусен дипломат“ за грчките медиуми.
Во Атина во моментов се разменуваат мислења и забелешки за последниот предлог на Нимиц и во игра се различни варијанти на сложени имиња кои ќе бидат испратени во Њујорк откако Самарас ќе се врати од Кина, јави дописниот на МИА од Атина.
Сепак, грчките аналитичари и медиуми вината за досегашниот неуспех на преговорите за името сѐ уште ја префрлаат на македонската страна и тврдат дека властите во Скопје се тие што треба да го сменат мислењето за преговорите да излезат од ќор-сокакот во кој се наоѓаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.