Заклучно со денешниот ден до архивата на Град Скопје се доставени 218 барања за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети.
Комисијата веќе почна да ги разгледува пристигнатите барања и во текот на утрешниот ден ќе врши увид на инсталираните печки кај барателите кои ги исполниле условите, информираат од Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.