Уште малку ќе почне зимското сметање на времето. Ќе биде темница во 16 часот, а ќе мислиме колку е доцна. Многу стручни лица кажуваат дека оваа практика треба да се искорени.
На конференција во Брисел, професорот по неврологија на Оксфорд, доктор Русел Фостер го претстави своите заклучоци од своето ново истражување. Тој кажува дека промената на времето не носи никакви заштеди (поради кои постои), а, покрај тоа, лошо влијае на нашето здравје.
Според доктор Русел промената на времето лошо влијае на нашиот биолошки часовник, а негативните последици се најчести кај децата и кај старите лица. И покрај тоа тој посочува дека поради промената на времето се случуваат и повеќе сообраќајни незгоди, а чести се и комликациите за време на операциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.