| четврток, 6 декември 2018 |

Како Елза и Ана влијаат на вашата ќерка?

Популарните принцези на „Дизни“, како Елза од „Снежното кралство“, Јасмина од „Аладин“ и Ариел од „Малата сирена“ лошо влијаат на самодовербата на девојчињата, покажа неодамна едно истражување. Измислените ликови, кои девојчињата ги обожаваат, промовираат негативни стереотипи за женското тело. Така, на пример, Елза има многу тенка половина.

– Принцезите на „Дизни“ претставуваат еден од идеалите за вита фигура кај девојчињата. Многу родители не гледаат ништо штетно во овие цртани филмови, но, ако гледаме на долги патеки, тие може да ја влијаат на самодовербата на девојчињата во врска со нивното тело – вели Сара Којн, автор на истражувањето.

Со овие тврдења се согласуваат и психолозите.

– Сите ние, често, на своите девојчиња им велиме: ти си мојата принцеза. Но, родителите би требало да избегнуваат такво етикетирање на децата. Исто така, треба да се избегнуваат и: паметна, вредна, умна. На пример, место на своето дете да му кажете: Многу си вредна, мама е многу горда на тебе! треба да кажете: Се гледа дека си учела редовно и на крај доби петка. Дали си горда на себе? Така детето знае поради што го фалите и што е тоа што го направило добро – вели еден психолог.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top