| четврток, 6 декември 2018 |

АМС свечено додели 500 стипендии за талентирани млади спортисти

stipendii

За развој и унапредување на младите спортисти во Република Македонија Агенцијата за Млади и Спорт денеска додели стипендии на 500 млади спортисти. Со тоа е ставено јасно до знаење дека Владата на Република Македонија верува во младите спортисти, во нивните капацитети и заради тоа активно инвестира во нивната иднина.

Стипендиите се доделуваат на спортисти, кои оствариле резултати на официјални државни и на меѓународни натпревари за возрасни категории до 20 години државјани на Република Македонија, во олимписки и параолимписки спортови. Проектот е започнат со реализација во 2008 година, а стипендијата изнесува 20% од просечна нето плата исплатена во Република Македонија во претходната година (околу 4.400 денари на месец – 10 месеци во годината).
Стимулот на младите од овој тип ќе значи многу за талентиртаните спортисти да опстанат во битката за градење на професионалниот лик и за создавање идни репрезентативци, кои ќе ги бранат боите на државата.

stipendii-1

– Досега, во изминатите 8 години се доделени вкупно 3804 стипендии, а со овогодинешните 500, бројката ќе се искачи на преку 4.300 стипендии, за што од буџетот на АМС се издвоени околу 2.5 милиони евра.
Како директор на институцијата која се грижи за развој на спортот, сакам да ви порачам упорно да тренирате, да бидете посветени, да ги слушате вашите тренери и верувајте успесите ќе тропнат на вашите порти. Затоа, бидете посветени, напорно тренирајте, а Агенцијата за млади и спорт ќе биде секогаш тука за вас, ќе го следи секој ваш чекор и ќе го вреднува секој ваш успех, бидејќи тоа ќе биде успех и на Република Македонија – истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top