Деветнаесетодишен жител на кичевското село Осој силувал врсничка, а против него е поднесена кривична пријава и се наоѓа во битолскиот затвор каде одлежува притвор во траење од осум дена.
Силувањето се случило на 6-ти октомври, пред повеќе од шест дена, попладнето околу 16 часот покрај железничката линија во близина на кичевската населба каде живеела девојката.
Силувачот од зад грб, мошне брзо ѝ се доближил на девојката и физички ја нападнал ставајќи ѝ ги рацете на нејзиното лице, ја соборил на земја и започнал да ја допира по целото тело.
Девојката активно се спротивставила и започнала гласно да вика барајќи помош. Силувачот се обидел со раце да ѝ ја затвори устата, но откако не успеал да го спречи нејзиното викање и отпор, веднаш избегал.
Во консултации со Jавен обвинител, полициската станица од Кичево ги презел неопходните мерки за пронаоѓање на сторителот. На 13-ти овој месец, Р.Х. е лишен од слобода а потоа, во присуство на Jавен обвинител извршено е соочување со пријавениот и негово препознавање од страна на оштетената девојка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.