Одложено е судењето на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, поради болест пишуваат медиумите во таа земја.
Санадер има дијагностицирано рак на простата, вчера бил примен во болница, а денеска ќе биде опериран. Заздравувањето ќе трае десетина дена, таа што за судска расправа нема да биде способен најмалку два месеци. Судијката го одложи судењето на некогаш највлијателниот хрватски политичар за 21 декември.
Во повтореното судење за „Фими медија“ Јавното обвинителство го товари Санадер и други за извлекување на пари од државните фирми за да се финансираат црни фондови на партијата ХДЗ. Првата пресуда со која Санадер беше обвинет ја укина Врховниот суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.