| четврток, 6 декември 2018 |

Одлуката донесена: Австријците ќе ја срамнат со земја родната куќа на Хитлер

Родната куќа на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер ќе биде срушена за да се спречи истата да стане „неонацистичко светилиште“, соопшти австрискиот министер за внатрешни работи, Волфгант Соботка.

-Куќата на Хитлер ќе биде срушена. Може да останат темелите, но врз нив ќе биде изградена нова зграда. Тој објект ќе биде користен за хуманитарни цели или ќе го користат локалните власти“, соопшти австрискиот министер за внатрешни работи за австриски Пресе.

Австриската влада во јули оваа година донесе одлука за одземање на родната куќа на Адолф Хитлер во местото Браунау од сопственикот. Владата го прифатила предлогот на Соботка зданието да ѝ биде одземено на сопственичката со која не било возможно да се постигне договор за иднината на куќата.

Одлуката за одземање на куќата е донесена за да се спречи истата да се претвори во место кое би ги привлекувало неонацистите. Министерството за внатрешни работи од 1972-ра година ја изнајмувало оваа куќа од сопствениците, плаќајќи по 4,800 евра месечно за ќирија. Сопственичката одбивала многу обиди за целосен откуп на зградата, па таа сега ќе добие обесштетување.

Соботка изјави дека зградата била ставена под заштита за време на Третиот рајх и нагласи дека тоа денес секако не важело, но сепак, вреди да се истакне дека во австриската влада има поделеност околу тоа дали треба да се сруши родната куќа на Адолф Хитлер, или не.

Куќата се наоѓа во близина на главниот плоштад, а во неа Хитлер поминал три години. Идејата на Соботка секако, веднаш беше поддржана од Еврејската заедница во Австрија.

Семејството на актуелната сопственичка ја продала таа куќа во 1938-ма година на Национал-социјалистичката партија за голема сума на пари. Според документите на нацистичката партија, личниот секретар на Хитлер, Мартин Борман ја купил куќата за тогашни 150 илјади рајхсмарки, односно за четири пати повеќе од тогашната проценета вредност.

Во 1954-та година семејството повторно ја вратило куќата во нивен посед за 150 илјади шилинзи, што било само еден дел од сумата која што претходно ја платила партијата на Хитлер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top