Европската фудбалска федерација (УЕФА) успеа во својата намера да го одложи за пет години амбициозниот план кој го имаа најмоќните клубови во Европа, кои наместо во Лигата на шампиони, сакаат да играат во лигашка Суперлига.
И покрај силниот притисок кој го вршат челниците во УЕФА, новото клупско натпреварување би требало да старува во 2021 година.
Сепак, од Нион, каде што е седиштето на УЕФА, пристигнаа сигурни информации дека во 2021 година ќе има големи реформи во европскиот фудбал, ќе бидат формирани регионални лиги, а ќе биде формирана и лига која ќе биде составена од најквалитетните клубови од поранешна Југославија.
Право за настап во најавената Суперлига ќе имаат само најбогатите и најтрофејните клубови од Европа, а останатите клубови кои немаат толку голем буџет и тим кој е составен од фудбалски ѕвезди, ќе мораат да се организираат во помалку квалитетни лиги.
Од таборот на актуелниот шампион на Данска, ФК Копенхаген, пристигна информација дека клупските челници веќе седнале на преговарачката маса со најдобрите клубови од Холандија, Белгија, Шкотска, Шведска и Норвешка.
На нас ни е јасно како ден дека големите клубови се однесуваат како што тие сакаат. Сепак, ние имаме обврска да пронајдеме гаранција за нашата иднина и стабилност. Мора да се развиваме како клуб, секогаш да бидеме атрактивни на спонзорите, затоа што само така ќе бидеме во состојба да ангажираме квалитетни фудбалери и тренери. Затоа, од голема важност е формирањето на една таква лига. Едноставно кажано, ние мора да бидеме дел од европските клупски натпреварувања, изјави клупскиот директор на ФК Копенхаген, Андрес Хоршхолт.
Доколку во 2021 година биде прифатено, усвоено понуденото сценарио, тогаш во Европа ќе се игра фудбал и тоа на три нивоа.
1. Суперлига која ќе ја замени Лигата на шампиони. Најголемите европски клубови како што се Барселона, Реал (М), Манчестер Јунајтед, Милан…. ќе бидат дел од ова натпреварување. Интересно, покана за настап во оваа лига ќе добијат и најбогатите и најтрофејните клубови од Кина, Јужна и Северна Америка. Овие клубови нема да играат во домашните шампионати.
2. Регионални лиги. Најдобрите клубови од неколкуте европски региони ќе бидат дел од регионалната лига. Планирано е да има Северна лига (Копенхаген, Ајакс, Селтик, ПСВ), Источноевропска лига (Зенит, ЦСКА М., Висла, Стеауа), како и Ексју регионална лига која ќе биде составена со најдобрите клубови од Србија, Хрватска, БиХ, Македонија…
3. Национални првенства каде би се натпреварувале клубовите кои немаат право или не добиле покана за настап во Сеперлигата или во Регионалната лига.
Нормално за нас, најголемо внимение привлекува Регионалната лига која ќе биде составена од најдобрите клубови од поранешна Југославија. Новиот претседател на УЕФА, Словенецот Александре Чеферин потврди дека сака да помогне при формирање на реагионалната лига.
Сепак вистинското прашање е по колку клуба ќе дадат земјите, но сигурно дека место ќе има за големата четворка, Динамо (З), Црвена звезда, Партизан и Хајдук.
Од Србија покана би требало да добие и Војводина, Чукарички или Раднички од Ниш. Црна Гора би требало да биде преставена од Будуќност, а можеби од Сутјеска или Младост. Вардар сигурно ќе биде главниот претставник на Македонија, а во игра се и Шкендија и Работнички.
Освен Динамо (З) и Хајдук, Хрватска би требало да биде преставена и од Ријека, додека кандидати од Словенија се Олимпија И Марибор. Од БиХ покана би требало да добијат Сарајево, Железничар и Зрински.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.