Дваесет и седумгодишна Британка од Бирмингем во рок од една година загубила повеќе од 50 килограми откажувајќи се од само една зависност. За младата мајка Сара Турнер таа зависност била „кока-колата“.
– Сфатив дека сум зависник кога се забележав дека без 4 литри „кока-кола“ не можеше да ми помине денот – изјавила таа за британските медиуми.
Турнер вели дека постојано се чувствувала уморно и без енергија. Тогаш решила да го промени својот живот. Денес оваа мајка на три малолетни деца тежи двојно помалку. Некогаш жена од 110 килограми, денес тежи 57.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.