Во депото на пајак-службата има паркирано возило што неверојатни пет години чека сопственикот да си го земе. Но очигледно тој се откажал од тоа, а службата не смее да го фрли во отпад, пишува Нова Македонија.
– Возила што се останати повеќе од неколку месеци во нашето депо има три. Рекордер е едно возило што се наоѓа таму речиси пет години. Сите овие возила се подигнати како хаварисани,односно нивните сопственици се откажале од нив уште пред да бидат донесени во нашето депо. Ние немаме право да се ослободиме од автомобилот се додека сопственикот или корисникот на автомобилот не си го преземе, објаснуваат надлежните за весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.