| четврток, 6 декември 2018 |

На Македонија ѝ се случува инфраструктурна експанзија

pat

Во период на политичка криза се продолжи со изградба на патишта, потсети Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на големиот собир во Скопје.

-Се градат три нови автопати, Демир Капија – Смоквица, кој треба да биде готов наредната година, автопатот Скопје Штип и автопатот Кичево Охрид. При крај е изградбата на експресниот пат Велес – Кадрифаково – Штип, а активно се гради и експресниот пат Градско – Прилеп. Во последните неколку години завршени се 404 локални патишта со должина од околу 750 км и инвестиција од околу 65 мил. евра- истакна Груевски .

Се гради насекаде во Р. Македонија. Од Скопје кон Куманово веќе се рехабилитира постојниот пат, при крај е проектот за целосна рехабилитација од Куманово кон  Ранковце, распишан е тендерот за нов експресен пат од Ранковце кон Крива Паланка инвестиција од преку 90 милиони евра, а набрзо ќе биде завршен патот од Крива Паланка кон бугарската граница.

Од Крива Паланка до Македонска Каменица ќе се пробие нова траса следната година. Од Скопје кон Велес веќе е завршен патот кој е целосно реконструиран. Сега тече постапната рехабилитација на Коридорот 10 од Неготино кон Демир Капија инвестиција од околу 6 милиони евра. Се гради нов автопат од Демир Капија кон Смоквица  и од Гевгелија кон Смоквица, се прави една нова рехабилитација. Од Скопје кон Штип се гради нов автопат кој е 50 отсто завршен. Се работи на патот од Велес кон Кадрифакво.

За неколку месеци ќе биде потпишан договор за експресен пат од Штип кон Кочани, а веќе се реконстрира и патот од Кочани кон Делчево.

Се работи на нов автопат од Кичево кон Охрид, инвестиција од преку 400 милини евра, на оваа траса има преку 1200 работници и околу 500 машини има постојано. Преку 3000 градежни работници работат на овие патишта. Многу гранки се вклучени како подизведувачи  во сите инфраструктурни проекти кои се работат. Ако сега има околу 3000 градежни работници  на регионалните патишта и автопатите, со новите експресни патишта што ќе се градат таа бројка ќе се зголеми дупло. Од 2006 до сега преку 1360 километри патна мрежа е реконструирана, а со сите тендерски постапки и договори ќе се обнови патната мрежа за дупло повеќе. До сега има 404 локални патишта завршени, а преку 740 патна мрежа локални патишта.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top