Покрај посточеките и веќе започнати инвестиции во државава, се највуваат уште четири нови.
-Во контакт сме со повеќе компании од различни сфери со кои разговараме за нови инвестиции – посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на партискиот собир во Скопје.
-Ова покажува дека ние не се откажуваме. Политичката криза иако го забави процесот, ние продолжуваме да се бориме за секоја нова инвестиција – рече Груевски.
Прво, можам да соопштам дека една западноевропска компанија го извести неодамна економскиот тим дека има донесено интерна одлкука да инвестира во Македонија. Таа е компанија за производство на електрични уреди кои се употребуваат во секојдневието и преставува познат бренд.. Се очекува да отвори нови 1000 директни вработувања во град во пелагонискиот регион.
Второ, германска компанија која е добавувач на постоечки голем странски инвеститор во зона во Скопје, донесе одлука да инвестира во нов производствен погон во Македонија, нова фабрика која треба да почне да се гради и да биде готова во средината на наредната година и која ќе обезбеди стотина нови работни места.
Трето, особено радосна вест, американска компанија која се занимава со специфична индустрија одлучи да инвестира во еден помал град во централниот дел на Македонија. Во моментот се во процес на купување на земјиште, а по изградбата се планира производството да започне во втората половина на наредната година. По целосното комплетирање и заокружување на инвестицијата ќе се вработат 200 лица. Оваа инвестиција е од исклучително значење за градот во кој се планира да се реализира.
Четврто, можам да соопштам дека италијанската Технохозе по изградбата на втората фабрика оваа година, ќе започне со трета фаза, односно изградба на трета нова фабрика во Македонија, во зона во Скопје. Градбата ќе почне во наредниот месец до два. Тоа е инвестиција од дополнителни 5 милиони евра и нови над 100 работни места.
Ова се 4 нови инвестиции. Нека е со среќа – соопшти Груевски од големиот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски