| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: И покрај сѐ, овозможуваме нови инвестиции, а тие пак нови работни места

vmro-miting-boris-trajkovski-2016-9-custom

Борбата за нови работни места на власта и партијата која ја предводи продолжува преку привлекување нови инвестиции и проширување на постојните капацитети. Само во последните 7 дена се одбележаа 4 големи инвестиции за над 2700 нови вработувања.

-Во борбата против невработеноста особено во периодот на политичката криза остана наш приоритет стимулирањето на новите инвестиции, привлекувањето на странски компании и охрабрување на домашните компании да одат напред. Ова нешто е скоро неверојатно во ситуација кога државата се мачи со тежок политички проблем наметнат од опозицијата, но ние не се откажавме од нашите намери и ние, покрај сѐ, овозможуваме нови инвестиции, а тие пак нови работни места – посочи Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на големиот партиски собир во Скопје.

– Само во последните 7 дена се одбележаа 4 големи инвестиции за над 2700 нови вработувања. Се потпиша договор за инвестирање на нова фабрика на германската компанија од автомобилската индустрија „СТС текстајл“ во Велес и тоа преку рестартирање на дел од капацитетите на некогашната „Свилара“. Официјално отпочна со работа германската компанија „Костал“ во Охрид, и тоа во просториите на некогашниот загубар ЕМО, а грчката компанија „Цераметал“ официјално објави дека ќе инвестира во капацитет во битолско Жабени. Најнова е инвестицијата од Холандија на „Инофрут“ и тоа токму преку преземање на пропаднатиот комбинат „Агролозар“ од Богданци, со најавени нови инвестиции во нов капацитет за откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи како и производство и извоз на земјоделски производи и нови работни места – истакна Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top