| четврток, 6 декември 2018 |

Алонсо победи во Барселона и се запиша во историјата на Големата награда на Каталуња

Фернандо Алонсо од Ферари си победи на свој терен во Барселона за Големата награда на Каталуња, а успехот е единствен во 22-годишната историја на трката што се вози на шпанска почва.

Досега ниту еден пилот во Формула 1 не успеал да победи во Барселона, а да не бил на стартната позиција број еден или два. Алонсо вчера стартуваше од петтата позиција, а сепак успеа прв да ја помине целта. За патеката во Барселона, барем според историјатот на трката е многу важно да се има пол-позицијата или да се биде веднаш зад пилотот што стартува прв. Само шестмина возачи успеале да се запишат на листата со победници, а да не стартувале први на Каталуња. Менсел во 1994 година, Хил три сезони подоцна, Хакинен во 2000 година и Фетел преклани стартуваа како втори и победија. Единствен пред настапот и победата на Алонсо што не бил на првите две позиции, а славел е Михаел Шумахер на трката одржана во 1996 година. Легендарниот пилот тогаш тргна како третопласиран по официјалниот тренинг, а ги надмудри конкурентите и се искачи на највисокото место на подиумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top