Популарната македонска водителка Лила Филиповска вчеравечер го прослави роденденот во ресторанот „Лира“ со, како што самата ни најави, „најубавите луѓе во нејзиниот живот“.
Дваесеттина најблиски пријатели, меѓу кои и убавата водителка Јована Стојменовиќ, уникатниот Боки 13, стилистот Владимир Трајковски, нејзиниот пиар Спасе Рола славеа со Лила на звуците на чалгиската музика.
Сите расположени и насмеани, наздравуваа со славеничката, која буквално не ја симнуваше насмевката од лицето.
„Ајде, станете да играме“, посака Лила, и сите се најдоа на нозе, со кренати чаши, пеејќи ги познатите македонски староградски хитови. На трпезата имаше изобилство од вкусна храна, се пиеја ракија и вино…
На крајот на вечерта, пристигна и роденденската торта со мотиви од бразилскиот уметник Ромеро Брит.
Лила ги дувна свеќичките, и си замисли желба…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.