| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија ја потресе Мала Речица

Во селото Мала Речица вчера околу 23,50 часот  во куќа сопственост на К.К. (66) кој се наоѓа на времена работа во Р.Италија, непознат сторител насилно ја отворил помошната врата на приземјето од куќата, влегол внатре и на самиот влез од дневната соба во кујната поставил експлозивна направа со спорогоречки фитил, го запалил по што го напуштил местото на настанот.

По кратко време настанала детонација од која целосно била оштетена внатрешноста на истата просторија, дрвените прозори, фасадата и ѕидовите во просториите од приземјето, помошната врата како и стаклата на влезната врата од катот. На соседната куќа сопственост на М.Б.(57), кој во моментот на експлозијата со семејството бил во неговиот дом, од исфрлените дрвени прозори на кујната, скршено било стакло на прозор од претсобјето. По претходно извршено пребарување на теренот од страна на УБК-ОАЗ МВР-Скопје, увид на местото на настанот извршиле ЈО при ОЈО Тетово и увидна екипа од СВР-Тетово. Бил пронајден и подигнат предметен материјал и доставени за вештачење. СВР-Тетово превзема мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top