Опозицијата слушам дека се надевала дека иако изгуби, значи свесни биле дека ќе изгубат, ќе формирале Влада со останатите партии. Каков лузерски пристап е тоа. И затоа нивниот лидер ветува двојазичност, брза промена на името, верувам дека нема ни да преговара човекот, туку ќе биде “дај шта даш”, и слично, комплетно редефинирање на македонската држава. Значи човекот ветува нова држава, некоја Нова Македонија- посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од големиот партиски собир.
-Вие знаете кој одговор треба да го добие. Затоа што вашиот одговор сега кон него ќе виси и над нашите глави, и никој понатаму нема да се дрзне да прави чекори без да го праша народот или без да го слушне и почитува мислењето на народот. Значи ова е уште една и верувам клучна причина зошто опозицијата треба да претрпи огромен пораз на овие избори.
Се говори и за широки коалиции. Јас сум убеден дека нашата победа ќе биде голема и нема ни да помислат да го спомнат тоа, а камо ли да прашаат. Инаку и за тоа веќе лобирале кај странците. Која е поентата на изборите ако е тоа така. Победил, изгубил да бидеш во власт. Ова е уште една причина да се казни опозицијата, затоа што веруваат и си прават филмови дека туку така ќе помине и народот ќе заборави на сето ова што го направија.
Сакам да кажам и уште една работа. Со изборите времето на поделби мора да помине. Ние како одговорна власт по изборите иако некој можеби мисли поинаку и посакува поинаку, нема да се фокусираме на реваншизми и на продлабочување на поделбите, туку ќе правиме максимум да се променат работите, ќе работиме за доброто на граѓаните.
Мора да престанат кавгите по улиците, меѓу соседи и пријатели по партиска основа.
Ние нема да се преокупираме со одмазди. Ние ќе одиме напред и ќе работиме на проекти кои ќе донесат подобар живот на граѓаните. Деструкцијата и поделбите мора да престанат.
Сакам да ве информирам дека почнуваме силно на терен, како никогаш досега. Ќе пробаме да допреме до секој еден граѓанин, до секое едно семејство за да ја пренесеме нашата порака, да ве погледнеме во очи и да ви кажеме кои се нашите планови и идеи како да го направиме вашиот живот подобар, како да ја направиме нашата татковина попросперитетна и подобро место за живеење. Ние ја имаме таа обврска и никој не може да ја сака нашата татковина повеќе од нас самите кои тука живееме.
Ние имаме план и програма со конкретни чекори, ја имаме најобемната програма досега фокусирана на нови работни места и многу нови инвестиции и проекти во повеќе области од земјоделие, млади, здравство, образование, социјала и пензиите, инфраструктурата. Ние почнуваме!
Многу работи се случија изминативе 2 години на перманентна криза и дестабилизација, обиди за разорување на државата, но ние заеднички со вас, како што викаат старите кроце по кроце, стигнавме до изборите кои сите ги посакувавме и кои ќе бидат крај на кризата. Затоа на овие избори ќе бараме најмасовна поддршка до сега. Затоа што мора да се испратат повеќе пораки до повеќе адреси. Вие сте столбот на нашата држава, кој остана цврст и покрај сите предизвици изминатиов период. Сетете се само низ што се поминавме. Време е за одговорот, за заедничкиот одговор- повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од големиот партиски собир во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер