| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: СДСМ си го покажа лицето и пред народот и пред новинарите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од големиот партиски собир ја анализираше и состојбата со медиумскиот простор, нешто за што СДСМ најмногу критикуваше, а за што доби две позиции.

-Најпоразително беше кога ја донесоа одлуката за нивни предлог за тоа кој да биде шеф на информативната програма на МТВ. Ја превртеа државата во овие десет години со тезата дека немало слобода на медиумите, дека медиумите ги контролирала и диригира нашата партија, дека партиски известувале новинарите и што ли уште не. Сите можни НВО од светот за медиуми ги активираа и преплавија со писма и кодошење се со цел да се најде земјата во колку е можно полоша меѓународна позиција во делот на медиумската слобода. Лажеа, конструираа, местеа, клеветеа со сите сили, и морам да признаам дека во голема мера успееја да ја оцрнат земјата на тој план. За тоа ги бива, особено со парите од надвор користени преку формата на НВО. Прашањето за слобода на медиумите стана едно од клучните во забелешките на ЕУ.

И ете, дојде време тие да добијат власт во медиумската сфера и тоа на две позиции.

На првата, онаа во МТВ, јас знаев што ќе направат, бидејќи си ги знам луѓето од СДСМ, ама речиси сите неопределени, непартиски луѓе очекуваа дека ќе видат непартиска личност на чело на информативната програма на МТВ, независна и професионална.

И оддеднаш излегува Заев со објава дека на тоа место ќе дојде поранешниот најблизок соработник и шеф на Кабинет на потпретседателот на СДСМ во тоа време и МНР Илинка Митрева. Треба ли да потсетувам за срамните интервјуа со претходно дадените прашања и по шест пати враќање да се сними личноста која треба да му помогне на СДСМ, со тоа што за нас ќе се обиде да создаде перцепција дека сме биле криминалци и незаконски сме работеле. Толку од независното новинарство на СДСМ и од слободата на медиумите како што тие ја разбираат. Па потоа сите платенички новинари на СДСМ потрчаа оваа мизерија да ја оправдуваат и да ја вадат од кал.

Браво, си го покажаа лицето.

Втората позиција беше ад хок телото за медиуми. Тука без губење време им дозволивме мнозинство бидејќи ем знаевме дека без тоа нема да излезат на избори, ем знаевме дека уште еднаш ќе си го покажат вистинското лице, а не лажните опозициски маски и јалови ветувања. И што имаме од тогаш? Секои 10 дена мнозинството од ова партиско тело, ад хок мнозинството на СДСМ ги казнува телевизиите кои не ги ставиле во нивна партиска функција, и не ги фали нив, а ги фали партиските телевизии на СДСМ кои се на негова страна. Во Америка секој медиум има право  јавно да подржи партија или политичар, тука казнија телевизија оти во една дебата, новинарот во еден момент малку поостро го прашал нешто преставникот на СДСМ, а фалат друг медиум каде секоја вечер оди дебатна емисија во која не се знае кој повеќе го плука ВМРО, гостите или новинарите-водители. Едните ги казнија заради малку повишен тон, а другите ги наградуваат и ги галат.

Ако некогаш говоревме за проектот и аферата „Фабрика“ на СДСМ, денес тие и нивните подржувачи можат слободно да го наречат денешниот нивни медиумски проект „меѓународна индустриска зона“. Тоа не е веќе фабрика, туку индустриска зона, со многу фабрики во неа.

Сакам да им порачам: ви благодарам што си го покажавте правото лице пред народот, да знае овој народ а и самите новинари, што ги чека во сверата на медиумите ако во декември гласаат за СДСМ, зашто има многу луѓе што можеби и ќе им поверуваа во слаткоречивите зоборови- заклучи Груевски од партискиот собир.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top