| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Овие избори ќе бидат своевиден референдум против она што опозицијата го правеше

Убедени сме дека кога сето ова ќе помине и кога со изборите ќе се испрати јасна порака до сите за тоа кои се прироритетите на нашите граѓани, тогаш со уште поголемо темпо ќе продолжиме кон она за што сме одбрани и кое граѓаните го очекуваат од нас, нови можности за сите во сите свери, нови работни места, поголеми плати, инвестиции и проекти, но ние ќе даваме како и досега само реални ветувања за тоа, а не од ракав исфрлени ветувања кои подоцна нема да се реализираат како што прави опозицијата не водејќи сметка за тежината на зборот кој го даваат пред вас, затоа што дадениот збор за нив нема вредност, нагласи претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски на големиот партиски собир во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

-Овие избори ќе бидат и своевиден референдум, референдум против она што опозицијата го правеше, референдум за враќање на позитивните теми проекти и развој, кои се дел од секојдневните проблеми што ги тиштат луѓето. Референдум за Македонија каква што ја сакаме сите, а не Македонија каква што сакаат да ни ја скројат.

vmro-miting-boris-trajkovski-2016-8-customНие во меѓувреме промовиравме низа на проекти кои ќе ги реализираме по победата на следните избори. Остана уште многу да промовираме. Гледам нашите противници се потсмеваат, но како и за многу други проекти за кој ширеа скептицизам и неверување откако се направија и реализираа, тие молчат.

Ние по изборите ќе изградиме 140 детски градинки,  Ќе започне да се доделуваат субвенции и низа поволности за купување на електрични автомобили за граѓаните и компаниите, како и субвенции за вградување на плински уреди за автомобилите на бензин со што значително ќе се влијае за намалување на загадувањето на животната средина и секој ќе направи и финасиски заштеди од тоа. Дополнително ќе се започне со набавка на нови 50 електрични автобуси во Скопје. Ќе се отпочне и со проектот за субвенции за греење на пелети со што семејствата кој ќе го изберат овој начин на затоплување ќе може да искористат низа поволности. Објавивме и дека ќе се започне и со нов сет на мерки во земјоделието. 80 процента поддршка при вградување на систем капка по капка и поддршкка при ископ на бунари, како и исто толку поддршка при набавка на високоприносен добиток, при што приносот, односно исплатливоста и заработка на земјоделецот може неколкукратно да се зголеми. Ќе започне да функционира и проектот за професионални земјоделски советници при што земјоделецот освен субвенции и поддршка која ги нуди државата во производството ќе добие и поддршка со совети следејќи ги најсовремените европски искуства и практики. Исто така ќе се реализира и проектот за изградба на Агро бизнис берза во Неготино со што ќе овозможи собирање на свежото земјоделско производство и негова дистрибуција кон крајните потрошувачи, во и надвор од државата. Ќе се започне и со реализација на проектот од село во град со што ќе се даваат низа поволности меѓу кој пари за купување или изградба на куќа и можност за користење на државно земјоделско земјиште за оние кои ќе се одлучат да се вратат да живеат на село. Освен овие проекти ќе започне примената на мерките за поддршка во спортот, за кои неделава веќе поминаа сите неопходни измени и дополни на закони во македонскиот парламент и од 1 јануари следната година ќе почне примена на тоа.

vmro-miting-boris-trajkovski-2016-13-customОсвен тоа во изминатиот период излеговме и со 40 проекти за млади. Дел од нив започнаа да се реализираат и пред она што беше планирано, а вие најдобро знаете дека ќе ги реализираме сите кои се предвидени, онака ккао што правевме и во минаотот

Драги пријатели, нашата програма е готова, и таа е најобемната програма досега. Содржи бројни конкретни проекти и многу позитивни изненадувања за граѓаните, за бизнис заедницата, посебно за малите и средни бизниси, за синдикатите, за земјоделците, за здравствените работници, за студентите, пензионерите, работниците, невработените… Содржи мерки, со конкретни буџети, чекори и реформи кои ќе им донесат на нашите граѓани многу нови и позитивни работи, кои ќе им го променат секојдневнието, олеснат животот, ќе им отворат нови можности и перспективи, нови шанси во животот- нагласи Груевски пред големиот партиски собир во Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top