-Дојде времето за избори и дојде времето да го слушнат гласот на народот. Гласот кој долго време го игнорираа, го потценија, го исмеваа. Народот кој памети, е мудар и добро знае што е што, што точно се случуваше, и која е крајната цел- порача претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски од големиот партиски собир во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
-Дојдовме до тоа што долго време го чекаа македонските граѓани, дојдовме до посакуваната цел, која треба да значи почеток на крајот на кризата, дојде време за одговорот кој граѓаните им го спремаат веќе две години. Откако ја воведоа државата во невидена криза и на работ на внатреетнички, но и можност за меѓуетнички конфликт, посакуваа крвопролевање, сакаа да не закрват до крај за да може без вољата на народот да дојдат на власт, затоа што така смислиле, но силата и мудроста на овој народ е многупати низ историјата докажувана, трпението на овој народ е неговата најсилна доблест, иако многумина го сметаат за хендикеп.
Не!
Со тоа трпение нашиот, народ чекор по чекор дојде до посакуваната цел. Изборите. Моментот кога власта се враќа кај него и тој одлучува на кого ќе даде доверба да го води, кој може да ги решава неговите секојдневни проблеми, кој може да направи подобро за народот и државата, кој нема да ги изневери и кој ќе го чува нивниот грб. Време е за крај на кризата!
Време е конечно целосно да почнеме да се фокусираме со сето внимание на реалните проблеми на граѓаните. Да говориме за економијата. За новите работни места, за земјоделците и нивните проблеми, за образованието, здравството, инфраструктурата, за напредокот во секој поглед и во секој сегмент, за новите перспективи на земјата и сите граѓани, нови можности и шанси, за нови инвестиции,…Нималку наивни дека тие овде ќе престанат, но свесни дека токму со овие избори ќе се покаже една јасна и недвосмислена волја на нашиот народ за напредок на својата татковина, но и порака до сите дека оваа земја е земја на граѓаните на Македонија и тие одлучуваат за нејзината иднина, никој друг не може да крои прекројува како што се туѓите интереси, туку за оваа земја одлучуваат нејзините граѓани и тие најдобро знаат кој треба да ги застапува кој може да им помогне во секојдневните проблеми, и кој може да го чува нивниот интерес- нагласи Груевски.
-Тоа што се обидуваа да го направат е да не тргнат од темата која ве тишти секојдневно. Економијата, новите работни места, иднината и можностите за развој, инвестициите… тие не држеа во заложништво со мрачни теми на поделба и конфликтност, додека ние и покрај се, се обидувавме да работиме на програмата на тоа што сме ви го ветиле, и на темите за кои вие сте заинтересирани.
Груевски се осврна на работите кои се дел од реалната политика и кои, како што рече, мора да се вратат како прироритет во политичката дебата, па потсети тоа што направено во изминатиов период и покрај кризата.
-Нашата најголема заложба останува борбата против невработеноста. Додека ја имаме одговорноста пред граѓаните отворивме нови 160 илјади работни места. Особено ме радува што со мактрпна и беспоштедна работа успеавме да ја намалиме невработеноста и за време на најголемата политичка криза. Тоа го говорат и бројките. Невработеноста во време на СДСМ беше 38%, на крајот во втората половина на 2014 падна на 27,6, кризата не не поколеба и ние продолживме да отвораме нови работни места. Невработеноста покрај се со што се соочи нашата држава продолжи да паѓа, до овој период падна на историски најниска 24%. Во последните двеиопол година имаме пад на невработеноста од 3.6%, во време на тешка политичка криза. Во месеците кога на опозицијата и беше најважно да ја разградува државата, нам ни беше најважно да обезбедиме економски просперитет.
Токму тоа е периодот кога се спроведуваше и проектот Македонија вработува, еден од најуспешните проекти кој беше наменет пред се кон поддршка на домашното стопанство и преставуваше значително олеснување и финансиска поткрепа за фирмите. Од овој проект конкретен бенефит видоа 5 категории на лица, невработени млади до 35 години, долгорочно невработени лица од 35 до 50 години, невработени лица над 50 години, невработени лица над 58 години, како и невработени лица со социјален ризик и поранешни професионални војници. Преку овој проект кој стартуваше во април 2015та година за точно една година се вработија дури 19 илјади лица, при што 10 138 фирми ги искористија поволностите кои се нудеа. Затоа пред некое време овој проект го продолживме и започна со реализација проектот Македонија вработува 2 при што досега се нововработени над 1500 лица, односно тоа се 1500 семејства со обезбедена конкретна егзистенција за своите семејства- посочи Груевски на големиот собир на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер