Со 1,65 милиони реализирани рецепти, лекот „енаприл“ е број еден најкористен лек за 2012 година, објавува порталот „Здравство 24“. Тоа е за 7,8 проценти повеќе од 2011 година. Овој лек е во групата на кардиолошки лекови, кои дејствуваат на ренин-ангиотензинскиот систем. Зголемување на потрошувачката во однос на 2011 има и лекот за смирување „дијазепам“ со 882.013 реализирани рецепти. Ако се има предвид дека овој лек во многу аптеки се добива и без рецепт, тогаш неговата реална потрошувачка е многу поголема. Токму ваквата потрошувачка на антидепресиви беше иницијатива уште лани Министерството за здравство да најави сериозна анализа за зголемената потрошувачка на овие лекови. Дали македонските граѓани се таблетомани или состојбата е реална треба да покажат анализите на соодветните институции.
Речиси еден милион рецепти има и за лекот „пентоксифилин“. Минатата година Фондот издвоил и 49,4 милиони денари за скапи лекови, што е 2,5 проценти од вкупните средства за лекови на рецепт. Бројот на рецепти за овие лекови во 2012 година е зголемен за 15 проценти во однос на 2011 година, најголема потрошувачка по број на рецепти има лекот „сипротерон“ со 7.882 реализирани рецепти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.