По Рим, Лондон, Вимблдон, Рио и Пекинг денес вториот рекет на светот, Едни Мареј успеа да го освои шестиот трофеј сезонава АТП 1.000 Мастерсот во Шангај. Шкотот во финалниот дуел за нешто повеќе од час и половина го совлада шпанскиот тенисер Роберто Баутиста-Агут со 2-0 (7-6, 6-1) во сетови.
Агут на овој дуел докажа дека вчерашната победа над Ѓоковиќ не беше случајна, одлично се држеше во текот на целиот меч и Мареј скоро и да не освои лесен поен, но сепак искуството и квалитетот кој го поседува Шкотот беше пресудно за освојувањето на трофејот на овој Мастерс. Во првиот сет освојувачот се дозна дури по тај-брејкот откако претходно и двата тенисери направија по еден брејк. Во клучните моменти во тај-брејкот Агут загуби три сервиси и му дозволи на Мареј да слави во истиот со 7-1.
Во вториот сет спласна играта на Шпанецот, а тоа Мареј го искористи на најдобар начин, направи два брзи брејка во вториот и четвртиот гем и со 6-1 заслужено триумфираше на овој дуел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.