Пирс Броснан синоќа слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и насмеан ги поздрави новинарите што го пречекаа.
Поранешниот Џејмс Бонд и неговата девојка Олга Кириленко ќе го снимаат трилерот „Ноемвриски луѓе“ во Србија и во Црна Гора.
Црна лимузина и возач го чекале познатиот ирски глумец пред ВИП-излезот од аеродромската зграда, и иако неговиот лет од Лондон доцнел два часа, тоа не го спречило да излезе насмеан, па не криејќи дека му е драго што дошол во Белград, ја ставил раката на срце, намигнал, а потоа влегол во автомобилот, кој го одвезол до хотелот „Хајат“, пишува „Блиц“.
Снимањето на филмот почнува на 20 мај во Црна Гора, каде што екипата ќе работи четири дена, а потоа ќе се врата во Србија, каде што ќе се снима остатокот од материјалите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Амнестија за периодот на војната, дел од договорот меѓу Косово и Србија