Еден уапсен кој се сомничи дека помагал во убиството на водичот на навивачите на „Партизан“, Александар Станковиќ (29) е досегашниот биланс на полицијата во Србија. Станковиќ кој беше познат како Сале Мутави, беше убиен во својот автомобил. Според полицијата, убиството било добро организирано и се чекало вистински момент да се нападне. Се претпоставува дека во убиството учествувале членови на озогласената банда „Пинк Пантер“, како и еден сопственик на теретана. Токму тој бил познат како дел од црногорската мафија.
Истрагата покажува дека Станковиќ постојано бил следен. Кобната вечер бил во вежбална, заедно со двајца свои пријатели. По вежбањето, сите тројца решиле да седнат во локалното кафуле, кое било во непосредна близина на Централниот Затвор во Белград.
Полициската истрага утврдила дека во нападот биле испукани дури 60 куршуми, кои на крајот беа кобни за водичот на Партизан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Деновиве летаа куршуми: Три автомобили оштетени од заскитани куршуми
-
Што всушност се случувало во хотелската соба од која полудениот пензионер пукал на 22 илјади луѓе?
-
Пап: На младите им понудија куршуми, вака владее СДС, без трошка одоворност
-
Специјалец од Струга добивал заканувачки пораки, му оставиле и куршум