| четврток, 6 декември 2018 |

Доаѓа влажен бран во Македонија

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, најпрвин во северозападните делови и во текот на денот ќе се преместуваат кон исток. Повеќе врнежи ќе има во ноќните часови во југоисточните делови, на места со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималните температури ќе се движат од 3 до 11 степени а максималните од 17 до 22 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 8 до 19 степени.

Во текот на наредната недела, под влијание на влажни воздушни маси ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во понеделник во југоисточните делови каде ќе бидат проследени со ретки грмежи. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top