Централниот дефанзивец на Барселона, Жерард Пике направи интересна споредба за да ја опише ситуацијата доколку Лионел Меси се реши да го напушти клубот. Шпанецот знае што значи Аргентинецот за екипата, па неговата изјава до некаде ги погоди сите фанови на каталонската екипа.
– Лео е еден од најуникатните фудбалери на сите времиња. Денот кога тој ќе си замине од Барселона ќе биде тежок како денот кога татко ми ќе почине. Ќе биде толку сурово. Сите знаеме дека тој ден ќе дојде, но не сакаме да помислуваме на таа работа. Меѓутоа, Барселона ќе мора да започне од нула за да се врати во препознатливата игра – изјави 29-годишниот дефанзивец.
Аргентинскиот фудбале е еден од најдобрите, ако не и најдобриот фудбалер кој произлегол од школата на Барселона, „Ла Масиа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.