Фани Хистова после прилично подолга пауза деновиве е затворена во студио каде работи на новиот сингл кој треба да излезе наскоро. Станува збор за тема чии текст и музика ги потпишува таа, додека аранжманот е дело на Роберт Билбилов.
Долго време немам снимано ништо и да бидам искрена едвај чекав да влезам во студио. Музиката и текстот се мои, аранжманот го потпишува Роберт Билбилов и наскоро ќе се случи промоцијата”, вели Фани.
И покрај тоа што веќе неколку седмици македонската музика е забранета за емитување од страна на ЗАМП, пејачката и диџејка смета дека новиот сингл сам ќе го пронајде патот до публиката.
-Ова со ЗАМП не знам како да го искоментирам затоа што сметам дека не се во право. Со оваа забрана не се оштетени само музичарите, туку и публиката. Се надевам дека набрзо ќе се реши проблемот. Баш деновиве зборував со пријателите и колегите, сите ми велат добро ма Фани, толку време не издаде ништо ново, сега кога ја забранија македонската музика, ти промовираш сингл. До мене лично не допира забраната, верувам во мојата песна и знам дека ќе биде слушана- категорична е сексапилната пејачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.