Славниот португалски фудбалер и играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо целосно одлепи поа Србинката Кристина Периќ(20). Според пишувањата на странските медиуми, еден од најдобрите фудбалери на планетата повремено се гледа со Кристина, а посебно му се допаѓа фактот дека оваа манекенка личи на неговата поранешна девојка Ирина Шајк.
Кристина неодамна стана ангел на Викторија, модел за долна облека на познатата марка. Таа со португалецот се запознала пред година и пол во Барселона. Оттогаш се во редовен контакт.
Физичката сличност со Ирина Шајк била повод британскиот таблоид Сан да објави текст со наслов „Запознајте ја пријателката на Роналдо -двојничката на Ирина Шајк“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.