| четврток, 6 декември 2018 |

Русија размислува за достава на системи за ПВО за Турција

Русија може да ги преразгледа можностите за достава на системи за противракетна одбрана во Турција, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков во Ереван, пред претстојната посета в понеделник на рускиот претседател Владимир Путин на Турција.

– Прашањата поврзани со соработка во воено-техничката област беа на дневен на средбата меѓу Путин и Реџеп Таип Ердоган на Светскиот енергетски конгрес во Истанбу- посочи Песков.

Тој додаде дека „тоа не е чисто трговско прашање, туку многу чувствителна област во соработката“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top