| четврток, 6 декември 2018 |

Велика Британија и Франција бараат итно воведување на нови санкции за Русија

Велика Британија и Франција бараат Европската унија што поскоро да воведе нови санкции за Русија и Сирија поради моменталната голема офанзива на сириската армија во Алепо.

Откако сириската армија поддржана од руското воено воздхопловство ја започна операцијата за ослободување на Алепо, сето тоа го навлече гневот на Западните сили.

Британските и француските власти поради тоа бараат од Европската унија што е можно поскоро, да бидат воведени нови санкции против Русија и Сирија. Дипломатски извори откриваат дека дури и германските власти биле подготвени за воведување на нови санкци, но тие не инсистирале толку жестоко како нивните колеги од Лондон и Париз.

Секако, аналитичарите веруваат дека тоа е разбирливо затоа што Германија не е до толку голема мера ангажирана за рушење на сириската власт колку што се нејзините западни сојузници.

Дали Европската унија ќе воведе нови, пожестоки санкции за Русија и Сирија ќе се дознае после состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија кој што ќе се одржи во понеделник во Луксембург.

Тројца неиуменувани дипломати во разговор за британската новинска агенција „Ројтерс“ откриле дека мнозинството од 28-те земји членки на Европската унија биле поготвени за воведување на ваквите санкции за Русија.

Западните сили, на чело со Соединетите Американски Држави сакаат да бидат воведени санкциите кон Русија што е можно побрзо, надевајќи се дека токму тоа може да ја сопре моменталната масивна офанзива на северниот сириски град Алепо, во која што значајна улога играат руските воени авиони.

Сепак, ситуацијата на терен говори дека сириската армија е многу блиску до конечна победа во Алепо, па тешко е веројатно дека санкциите ќе ги сопрат Русите и Сиријците да го направат последниот исчекор кон добивањето на војната, а аналитичарите сметаат дека овае последниот очаен обид на Европската унија за да ги спречи во тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top