| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија со нискобуџетни летови ќе се поврзе со Полска (Видео)

panel-diskusija-vmro

Низа проекти спроведува Владата во делот транспорт и врски. На денешната панел-дискусија на ВМРО-ДПМНЕ, министерот Владо Мисајловски истакна дека наскоро сите 6 нови возови ќе бидат во Македонија. Вложени се 25 милиони евра, стигнуваат нови вагони и  се реконструираат железнички станици.

Тој говореше и за нискобуџетните авиолинии.

– Ако во 2005 година имало 15 директни летови, сега имаме 34. Постојано работиме со компаниите. Цените се драстично поевтини. Картата е субвенционирана од Владата. Важно е што имаме и нов аеродром. Владата превзема низа мерки со бенефит за граѓаните. Комуницирам за евтини летови до Полска бидејќи младите фудбалери таму ќе играат Европско првенство – истакна Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top