| четврток, 6 декември 2018 |

МКФ ја изврши ждрепката за Првата лига без присуство на прволигашите!

kfm

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ја изврши ждрепката за Првата кошаркарска лига, иако на истата не беа присутни претставници на клубовите кои најавија бојкот поради несогласувањата околу новиот тарифник за странци.

Во присуство на генералниот секретар на МКФ, Моника Гаврилоска, в-д. комесарот за натпреварување Владо Цветковски и техничкиот секретар на Сениорските лиги Горан Трпушевски беа извлечени натпреварувачките броеви на екипите од Прва лига за сезоната 2016/2017.

Сезоната ќе стартува на 22. октомври, а како дел од лигата се регистрирани Куманово, Фени индустри, Работнички, Кожув, Струмица, АВ Охрид, Пелистер и Вардар.

Првакот МЗТ Скопје и Карпош Соколи поради настапите во АБА-лигата ќе се приклучат на Суперлигата, која ќе стартува по одигрувањето на 14. кола од Првата лига. Останува нејасно, како МКФ планира да се одигра првото коло, кога клубовите веќе неколку пати дадоа до знаење дека не се подготвени да играат. Неприсуството на ждрепката беше официјален старт на „војната“ меѓу двете страни, за која најдобро е да се пронајде решение што побрзо, за доброто на мак-кошарката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top