За нас изборите се многу важни. Тие се многу важни за враќање на земјата на евроатлантскиот пат, но потребна е и работа на реформите во спроведувањето на препораките од извештајот на Прибе, изјави еврокомесарот Јоханес Хан на крајот на неговите денешни средби со македонските политичари, претставници на граѓанскиот сектор и со специјаланата обвинителка Катица Јанева.
-Важно е изборите да се подготват и да се спроведат на начин на кој потоа никој нема да има простор да критикува – рече Хан, кој неколку пати нагласи дека изборите се важни.
Тој потенцираше дека увидел и напредок во земјата, особено кога станува збор за медиумите, но рече дека тие ќе треба да го дадат својот придонес за непристрасно известување.
Веќе две години има политичка нестабилност и тоа не беше добро за земјата во однос на економските резултати – нагласи комесарот.
Покрај во медиумите, Хан забележува напредок и во однос на работата на Агенцијата за медиуми, како и во прочистувањето на Избирачкиот список.
Тој испрати порака до политичарите да продолжат со реформите и по изборите, а ги повика и граѓаните, посебно младите, да излезат на гласање за потоа да не се каат за изборот што е направен.
Во изјавата по средбите, Хан дополни дека Македонија и регионот добиле на репутација во справувањето со мигрантската криза и дека земјата треба да го искористи тој моментум за да се врати на европскиот пат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хан: Очекувам објаснување за азилот на Груевски, се работи за кредибилитетот на Европа!
-
Мицкоски – Хан: Евро-атлантската интеграција е клучен фактор за стабилност и просперитет во регионот
-
Хан: Имате рандеву со историјата!
-
Прес-конференција на премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Јоханес Хан (во живо)