| четврток, 6 декември 2018 |

Родила 4 деца, а изгледа како супермодел

 

Ѕвездата на „Беверли Хилс“, Тори Спелинг, на прославата на Денот на мајката во „Беверли Хилтон“ на црвениот тепих пристигна со своите четири деца, кои ги има со сопругот Дин Мек-Дермонт.

The Helping Hand Of Los Angeles Annual Mother's Day Luncheon

Освен што ја покажа својата извонредна фигура, Тори на свеченоста доби и награда за мајка на годината.
Актерката, која е најпозната по улогата во серијата „Беверли Хилс“, не го сокри своето задоволство.
Прекрасен ден. Добив награда за мајка на годината. За мене Денот на мајката значи четири големи чуда. Имам многу да славам на овој Ден на мајката, прекрасно семејство. Јас сум навистина благословена, откри Тори преку својот профил на „Твитер“.
Таа од бракот со Дин ги има шестгодишниот Лиам, четиригодишната Стела, едно и полгодишната Хети и осуммесечниот Фин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top