| четврток, 6 декември 2018 |

Турција: Отпуштени 109 и суспендирани уште 184 воени судии и обвинители

Турската војска отпуштила 109 воени судии, соопшти Министерството за одбрана на Турција, со што продолжува серијата отпуштања во земјата, во кои досега без работа останаа повеќе десетици илјади државни службеници, пред се, заради сомневања за нивна поврзаност со неуспешниот пуч.

Британските медиуми јавуваат дека турските судски власти суспендирале уште 184 судии и обвинители со цел да ги „искоренат приврзаниците на имамот Фатула Ѓулен“, кого го обивнуваат за организирање на неуспешниот пуч.

Турска државна агенција Анадолија наведува дека 184-те судии и обвинители се суспендирани заради користење на апликацијата за размена на пораки „БиЛок“.

Претставници на турската разузнавачка служба идентификувале 56.000 корисници на оваа мрежа која, како што тврдат, од 2014 година ја користат и следбениците на Ѓулен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top