| четврток, 6 декември 2018 |

УЈП oд ГТЦ се сели во поранешен ПИОМ

Центарот за наплата на глоби и други јавни давачки на Управата за јавни приходи (УЈП) е преместен во нов објект во поранешната централа на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (ПИОМ), до зградата ССМ, каде што во непосредна близина се наоѓа и Дирекцијата за големи даночни обврзници.

УЈП денеска соопшти дека канцелариите на Центарот, кои досега беа сместени во Градски трговски центар (ГТЦ), нема да бидат во функција.

Од Управата ги потсетуваат сите обврзници дека контактниот центар / повикувачки центар на УЈП, функционира на приземјето на УЈП – регионална дирекција Скопје (зграда до ЗОИЛ), кој претходно се наоѓаше во Градскиот трговски центар Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top