| четврток, 6 декември 2018 |

Ветувам ќе бидам добра жена, девојка од село бара маж кој би живеел и работел со неа

Ветувам дека ќе бидам добра жена и дека ќе готвам секој ден и ќе чистам, само стоката и другите животни мораат да бидат нахранети.

Сајтот „Објави на интернет“ цитира инетересна порака, за која не сме сигурни дали е автентична, но е многу интересна да се прочита. Еве за што станува збор…

– Останав рано сама на оваа фарма, моите починаа минатата година, па се решив на овој потег затоа што ретко изглегувам затоа што, навистина, немам време и едвај чекам да падне ноќ и да одам да легнам. Барам маж или момче што би се оженило за мене и би работело со мене на мојата фарма, ветувам дека ќе му пружам и повеќе отколку што тој може да замисли, ќе бидам вистинска готвачка и домаќинка.

Негова работа е да се грижи за 150 грла стока, 13 крави, 8 кози, 66 овци и 34 јагниња, 46 пилиња, 19 телиња, 11 бикови, 4 кучиња и 12 мачки. Тој мора да ги храни три до четири пати дневно, не смее да снемаат ниту храна ниту вода. Редовно морааат да бидат нахранети. Потоа има и друга работа на фармата, од чистење на шталата, па до косење на трева, правење бали, треба да се ора, рамни, сади и други работи исто како на секој имот. Мора да се оди во шума во набавка по дрва, да ги скрши, исцепи, и донесе до куќата, ајде јас ќе помогнам при местење, ќе бидам толку добра.

Предност имаат тие што знаат да возат трактор и користат земјоделски машини, и ве молам само да не ми се јавуваат тие момчиња што си ги бричат нозете и градите, користат пудра и такви глупости, само такви не сакам. Барам конкретно селски мажи, влакнести и пополнети… Па ако има некој таков, слободно нека ми се јави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top