| четврток, 6 декември 2018 |

Гошева: До крај ќе ги штитам Уставот и националните интереси

elena-goseva-ustaven-sud-int215-2

Не гле­дам де­мо­кра­ти­ја во вул­гар­но­сти­те изре­че­ни за Уставниот су­д и за одре­де­ни су­дии, ни­ту во бо­е­ње­то на об­је­ктот на Су­дот. Со тоа не мо­жат да вос­по­ста­ват кон­тро­ла над Су­дот, ка­ко што одре­де­ни цен­три на по­ли­тич­ки ин­те­ре­си нед­вос­мис­ле­но пра­кти­ку­ва­ат кон­тро­ла над раз­мис­лу­ва­ње­то на сво­и­те акти­ви­сти, со ин­фор­ма­ции кои се сом­ни­тел­ни, ве­ли претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева во интервју за неделникот „Ре­пуб­ли­ка“. Гошева чиј тригодишен мандат истекува на крајот на месецот, во изминатиот период беше изложена на силни напади од опозицијата, опози­ци­ски­те ме­ди­у­ми и одре­де­ни акти­ви­сти. Сепак, во истиот период не из­ле­зе ни­ту ед­на афе­ра или скан­дал што ќе оста­ви цр­на дам­ка на ра­бо­те­ње­то на оваа ин­сти­ту­ци­ја.

Има­вте сре­ќа или не­сре­ќа да го по­ми­не­те ман­да­тот во ед­ни бур­ни вре­ми­ња ко­га др­жа­ва­та и Уста­вот се на удар од раз­ни до­маш­ни и стран­ски цен­три на моќ. Ко­га би го зна­е­ле тоа пред да ста­пи­те на функ­ци­ја­та, да­ли по­втор­но би се на­фа­ти­ле да го во­ди­те су­дот?

Имај­ќи ја пред­вид ре­ал­но­ста што ни се слу­чу­ва во др­жа­ва­та, лич­но сме­там де­ка до­кол­ку не при­фа­тев или се пов­ле­чев од вр­ше­ње­то на функ­ци­ја­та, тоа би би­ло охра­бру­ва­ње на де­стру­ктив­ни­те стра­сти на тие што ве­ќе по­долг пер­и­од се оби­ду­ва­ат да ги ур­нат устав­ни­те га­ран­ции на сло­бо­ди­те и пра­ва­та и те­мел­ни­те вред­но­сти на устав­ни­от по­ре­док во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, а тоа, на­вод­но, го пра­ват во име на де­мо­кра­ти­ја­та, но тоа не е ви­сти­на и, всуш­ност, е да­ле­ку од де­мо­кра­ти­ја­та ко­ја не е цел за нив, ту­ку, на­про­тив, се ра­бо­ти за бор­ба за по­ли­тич­ка прев­ласт. Јас, и по­крај сѐ што ви­дов, до­жи­ве­ав и по­ми­нав ка­ко пре­тсе­да­тел­ка на Су­дот, во ни­е­ден мо­мент не по­мис­лив де­ка згре­шив што ја при­фа­тив функ­ци­ја­та. Во те­кот на мо­е­то ра­бо­те­ње имав под­др­шка од дел од пер­со­на­лот во Су­дот, су­ди­ски и ад­ми­ни­стра­ти­вен, пр­венс­тве­но од ге­не­рал­на­та се­кре­тар­ка, г-ѓа Оли­ве­ра Фи­ли­пов­ска, ко­ја е од ре­дот на по­во­зрас­на­та ге­не­ра­ци­ја прав­ни­ци со опе­ра­ти­вен стру­чен ка­па­ци­тет и го­ле­мо про­фе­си­о­нал­но искус­тво, за што сум бла­го­дар­на, а на­ши­те ман­да­ти во вр­ше­ње­то на функ­ци­и­те вре­мен­ски се сов­пад­наа.
Искре­но, не мо­жам да не ука­жам на тоа де­ка ор­ке­стри­ра­но­то по­ли­тич­ко дејс­тву­ва­ње, кое е ин­тен­зи­ви­ра­но во пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни, но­си еле­мен­ти на не­ги­ра­ње  ге­не­рал­но на си­те ин­сти­ту­ции во др­жа­ва­та, вклу­чи­тел­но и на Устав­ни­от суд, па овој ам­би­ент обо­ен со по­ли­ти­ка се оби­ду­ва­ат да вле­зе и ме­ѓу су­ди­и­те и ад­ми­ни­стра­ци­ја­та, вна­тре во Су­дот, но јас, сѐ до­де­ка сум дел од не­го, ќе се бо­рам за до­ми­на­ци­ја на устав­но­то пра­во, вр­ше­ње на устав­ни­те над­леж­но­сти, за­шти­та на устав­но га­ран­ти­ра­ни­те на­ци­о­нал­ни ин­те­ре­си, а не пар­ти­ско-по­ли­тич­ки ам­би­ции на над­во­реш­ни и вна­треш­ни еле­мен­ти во др­жа­ва­та или во Су­дот, вели Гошева за Република.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top