| четврток, 6 декември 2018 |

Гугл снима сѐ што зборувате

google-voice-search

Ако сте користеле гласовно пребарување на мобилниот телефон со „Андроид“ или во пребарувачот на „Гугл“, важно е да знаете како функционира таа опција.

„Гугл“ брзо ги препознава зборовите и изразите и вашите прашања ги формулира на правилна текстовна фраза, но тоа што не го знаeте е дека алатката ги зачувува сите гласовни пребарувања, кои сте ги направиле.

Ако одите на страницата https://myactivity.google.com/ и се логирате на вашиот „Гугл“, ќе можете да ги видите и преслушате сите ваши досегашни гласовни пребарувања.

Ако сакате да ги избришете кликнете на трите вертикално поставени точки и одберете ја опцијата избриши. Ако не сакате вашите пребарувања да се снимаат, немојте да користите гласовно пребарување.

Иако од Гугл не ги објаснија причините на снимањето, најверојатно тоа го прават за да развијат систем на гласовно пребарување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top