Комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, денеска ќе престојува во Скопје, а предвидено e да се сретне со премиерот Емил Димитриев, лидерите на четирите најголеми политички партии, со специјалната обвинителка и со претставници на граѓанското општество.
Целта на посетата, како што се наведува во соопштението од Европската комисија, е „да се направи преглед на политичките случувања и да се дискутира за патот напред, особено во однос на организирањето на предвремените парламентарни избори во декември, како и спроведувањето на Итните реформски приоритети“.
Пред пристигнувањето еврокомесарот Хан испрати порака дека е „важно условите за одржување на веродостојни избори да бидат исполнети“.
– Договорот постигнат минатото лето од страна на сите главни политички партии и поставување на датумот на изборите за овој декември е добар чекор. Сепак, ова е само почеток: важно е условите на веродостојни избори да се целосно исполнети и граѓаните да можат слободно да учествуваат на нив, вели комесарот Хан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хан: Очекувам објаснување за азилот на Груевски, се работи за кредибилитетот на Европа!
-
Мицкоски – Хан: Евро-атлантската интеграција е клучен фактор за стабилност и просперитет во регионот
-
Хан: Имате рандеву со историјата!
-
Прес-конференција на премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Јоханес Хан (во живо)