Дваесет и деветодишниот М.Д., вработен до секторот за внатрешни работи во Тетово, заедно со уште три непознати лица го искршиле комплетно инвентарот во тетовскиот кафе-бар „Кафе“ завчера во 19.30 часот, пред персоналот и пред гостите.
Насилството се случило кога влегле во локалот и почнале да го демолираат. М.Д. земал еден стол со која почнал да го крши инвентарот, при што го уништил кафемат „вега“, два ТВ-приемника „нео“, столови, а по демолирањето на мебелот насилниците го напуштиле местото.
СВР – Тетово презема мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.