Сува и топла зима предвидуваат метеоролозите на AccuWeather за подрачјето на Балканскиот полуостров, пишува „Макфакс“.
Откако делови од Балканот во август беа погодени од тешки поплави, се очекува сува зима од вообичаеното, како и значително потопла.
Олујните бранови кои ќе доаѓаат до овие подрачја ќе бидат генерално со слаб интензитет и нема да предизвикуваат дополнителни промени.
Дури и количеството снег што се очекува на планините на Балканот ќе биде под нормалното ниво за зимскиот период.
Исто така, се очекуваат пократки или дури воопшто и не се очекуваат долги периоди со температури под нулата, бидејќи полињата со висок притисок во тој период ќе служат како заштита на Балканот од студениот арктички воздух.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.