Песната „Тополска 18“ стана популарна на екс-ју просторите преку легендарната серија „Среќни луѓе“, а ја отпеа актерката Снежана Савиќ. Цели 20 години подоцна таа открива за кого е напишана оваа песна и кое е лицето кое живеело како потстанар.
– Знам да минам од таа улица. Тополска 18 е врзана за биографијата на Љиљана Павиќ, која некогаш како студентка живеела во таа улица. Била потстанар таму, открива актерката.
Инаку Љиљана Павиќ е сопругата на сценаристот на серијата „Среќни луѓе“, Синиша Павиќ и била негова помошничка додека работеле на серијата, па сиховите од таа песна се поврзани за почетоците на нивната врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.