„Сакам да му порачам на Павле Богоевски, внукот на Слободан Богоевски, дека внуците на репресираните доаѓаат по своето, внуците на оние кои беа следени, малтретирани, кодошени, судени, затварани по затвори, оние чиј „грев“ била љубовта кон Македонија, оние во чии досијеа е заведен секој чекор на фамилиата па дури и на тукушто проодените внучиња. Тие внуци доаѓаат по своето, а нивното е Македонија, тие друго немаат.
И сакам да го запрашам, знае ли Павле како е да се израсне во фамилија која била жигосана заради вмровштина и љубов кон Македонија, љубов која и` била земана за зло, и за истото да биде репресирана? Знае ли што се` преживуваа тие фамилии? Доколку не знае нека ме контактира, ќе му презентирам се до последно.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.