| четврток, 6 декември 2018 |

Додека другарка и боледувала од тумор, таа спиела со нејзиниот сопруг: Индира ми заби нож во грб кога ми беше најтешко

indira-goran-vesna

Фолк пејачката Индира Радиќ се најде во центарот на медиумски скандал кога нејзината поранешна другарка, а сегашна соперничка Весна Куртума, одлучи да проговори за она што го доживеала од поранешната пријателка.

Таа открила дека Индира е во врска со Горан Куртума, кој девет години е во брак со Весна и имаат две деца, ќерката Јована и синот Никола.

– Пред три години ми открија тумор на матката и имав две тешки операции. Додека се борев за живот, мојот сопруг и Индира се потеа по хотелите во Америка, а доказ за тоа ми се сите сметки што ги плаќал. Пријателката ми забила нож во грб кога ми беше најтешко. Сега сум подобро, работам во банка, завршив економски факултет и ништо не говорам на празно. Тој од Индира често доаѓаше изгребан и изгризен и ми призна дека таа му го направила тоа. Јас како негова сопруга не си дозволив такво нешто за време на интимен однос и не разбирам како една љубовница може да го прави тоа, изјавила Весна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top