| четврток, 6 декември 2018 |

Регистрација на фирма – нула денари

kompjuterdzija

Доколку едно лице сака да регистрира фирма во Република Македонија, а тоа сака да го направи по електронски пат, цената ќе биде нула денари.

– Ова е последната мерка на Владата на Република Македонија во насока на подобрување на деловната клима во Македонија – изјави Александар Ѓоргиев, портпаролот на Владата.

Цената на регистрацијата на фирма во хартиена форма останува непроменета – 2.300 денари, плус други трошоци.

Регистрацијата на фирма по електронски пат ќе ја први овластен сметководител, кој ќе биде во директен контакт со лицето што сака да ја регистрира фирмата, а притоа нема да плати ниту еден денар.

Овластениот сметководител ќе мора да се идентификува дека има лиценца, а покрај тоа ќе може да дава и консултантски услуги.

Комората на сметководители ја поддржа оваа реформа на Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top